Таневски: Најважно е да не ги повториме истите грешки, верувам во овие играчи

Дерби

17/07/2019

15:00

980

Големина на фонт

а а а

Македонија Ѓорче Петров има неповолни 3:1 од првиот меч кој го одиграа со Алашкерт во Ерменија, но сепак популарните „лавови“ не планираат така лесно да се откажат, па за утрешниот реванш во Скопје најавија максимално залагање и искажаа верба за голем пресврт.

Тимот од Ѓорче Петров ќе треба да даде два гола и да не прими ниту еден за да ја анулира негативата од првата пресметка во Ереван, а токму поради тоа, тренерот Таневски порача дека најважно е да не се прими гол во раната фаза на мечот.

– Негативата од два гола е достижна, пред се поради тоа што сега имаме многу повеќе информации за противникот. Можеби резултатот не е на наша страна, но на теренот силите изгледаа поинаку. Се надевам дека ќе имаме повеќе среќа, понекогаш и со минимална негатива од 1:0, потребно е да дадете два гола. Верувам во овие играчи и верувам дека ќе ја анулираме негативата. Најважно е да не ги повториме истите грешки, најважно е да не примиме брз гол, – истакна Александар Таневски во пресрет на утрешниот меч кој ќе се одигра на тренинг центарот „Петар Милошевски“ со почеток од 16.30 часот.



Спонзорирани линкови

Маркетинг