Италијанската и американската полиција започнаа координирана акција против големите криминални семејства кои што сакале да ја обноват својата база на Сицилија, изјавија денес италијанските власти.
Повеќе од 200 полицајци, вклучувајќи ги и припадниците на ФБИ од САД, спровеле утринава 19 налози за апсење на припадници на кланот Инчерило во главниот град на Сицилија – Палермо. На мета се најде и семејството Гамбино со седиште во Њујорк.
Сицилијанската криминална група „Коза Ностра“ е во константни промени откако почина босот Салваторе Тото Рина, кој почина во затвор во 2017-та година. Токму Рина ја започна мафијашката војна на италијанскиот остров во 80-тите години, присилувајќи го семејството Инчерило да побегне во Њујорк, по што неговата банда целосно ја превзеде контролата на територијата на Палермо.
Семејството од тогаш се обидува да го врати своето влијание помогнато со силните сојузници од Њујорк.
Истрагата наречена „Нова врска“ утврдила дека постои силна врска помеѓу Коза Ностра од Палермо и американскиот организиран криминал, со посебен осврт на моќта на семејството Гамбино во Италија и САД.
Претходните обвинувања вклучуваат убиства, перење на пари и илегална дистрибуција на дрога. Од италијанската полиција соопштија дека денес уапсените се соочуваат со низа на обвиненија.