Еве колку пати месечно треба да ејакулирате за да се заштитите од рак на простатата

Супермен

17/07/2019

13:56

6.667

Големина на фонт

а а а

Жлездата која го произведува поголемиот дел од течноста во спермата е очигледно важна, но нарушувањата во тоа подрачје се сè почести помеѓу мажите постари од 50 години.

Зголемената простата може да предизвика зачестено и болно мокрење, а истражувањата велат дека ракот на простатата е трет најчест рак во Америка. Диетата, вежбите и редовните прегледи се најделотворниот начин простатата да остане здрава.  


Меѓутоа, истражувачите од универзитетот Харвард откриле нова, многу попријатна метода. Во магазинот “Европска урологија” назначено е дека високото ниво на сексуална активност може да го намали ризикот од добивање рак на простатата. Во студијата учествувале 32 илјади мажи, на кои им биле следени сексуалните навики.

Заклучокот од студијата е дека оние кои имаат поголем број на ејакулации во текот на месецот имаат помалку шанси да добијат рак на простата.

“Откривме дека кај мажите кои бележат повеќе ејакулации месечно во повозрасното доба, веројатноста да им биде дијагностициран рак на простатата е значително помал. Оваа голема студија досега го дава најсилниот доказ за корисната улога на ејакулацијата во превенција на рак на оваа жлезда”, изјавил авторот на студијата.


Истражувачите веруваат дека 21 ејакулација месечно ќе ве заштити од рак. Името, истражувањето покажало дека мажите кои ејакулирале 21 пат месечно имале 33 отсто помал ризик од појава на рак на простатата. Причината за тоа сè уште не е утврдена, но научниците претпоставуваат дека со ејакулацијата се исфрлаат токсините од организмот.

Секако, самата ејакулација нема во целост да ја спаси вашата простата. Експертите велат и дека дебелината, пушењето цигари, преработената храна со голем удел на маснотии и наследните фактори се исто така причинители кои можат да доведат до рак.


Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk