Науката открива: Еве зошто тешко ги паметиме имињата на луѓето кои ги запознаваме

Точка

17/07/2019

13:36

1.471

Големина на фонт

а а а

Научниците велат дека постои само еден виновник во врска со тоа. Доколку мислевте дека поради лошото памтење не ги регистрирате имињата тогаш грешите.

Науката тврди дека “квалитетот“ на вашата меморија не е виновен туку виновни се недостатокот на внимание и незаинтересираност.

Научниците од Универзитетот во Канзас тврдат дека вашата вештина на паметење имиња зависи исклучиво од нивото на вашата заинтересираност.

Кај секоја личност е изразен некој вид на пореметување. Некој подобро памти броеви, некој подобро памети датуми во зависност од интересирањето. Личностите кои се друштвени полесно ги паметат имињата затоа што навистина ги интересира тоа.


Луѓето кои се занимаваат со политика, продажба или пак работат како професори и предавачи добро паметат имиња затоа што свесни се дека таква способност е голема предност во нивните професии.

Професор по психологија од Универзитетот во Канзас ги открива најдобрите трикови за памтење имиња.

Ова се неговите одговори:

Внимавајте да не го изговарате своето име заедно со личноста која ја запознавате. Доколку неговото не сте го слушнале толку добро или пак не сте го разбрале, замолете го да го повтори своето име.


Може дури и да прокоментирате со зборовите: „Така се вика мојот син“ или „Тоа е баш убаво име“.

Обраќајте ѝ се на таа личност по име. Со помош на малку вежби полесно ќе го запомнете името на својот познаник. Исто така луѓето сакаат кога некои други луѓе им се обраќаат по име и тогаш чувствуваат дека другата страна е заинтересирана за нив и тоа што имаат да го кажат.




Спонзорирани линкови

Маркетинг