Пронашол писмо во шише, а потоа уследил шок: Пловело по океанот дури 50 години

Точка

17/07/2019

13:21

4.146

Големина на фонт

а а а

Рибарот Пол Елиот денес објавил дека трага по авторот на пораката во шише која ја пронашол на југот на австралискиот брег и за која вели дека е стара 50 години.

Според неговите зборови, тој и неговиот син го пронашле шишето додека ловеле риба, а како што рекол, автор на пораката е извесен Пол Гибсон, кој себеси се опишал како 13-годишно момче од Англија кое со крузер патувало од градот Фрементл на западот до Мелбурн на истокот на Австралија, пренесува "AP". 

Државниот океанограф Дејвид Грифин изразил неверување велејќи дека шишето не можело да плови 50 години на југот на Австралија, бидејќи "океанот не мирува".

Како што рекол, шишето веројатно било закопано во песок на плажа, а потоа олујата го одвлекла во морето.

"Доколку е фрлено во морето на југот на Австралија нема шанси да остане на истото место подолго од година или две", рекол Грифин.

Како што се наведува, стотина илјади Британци емигрирале во Австралија во 60-тите години од минатиот век, но четвртина од нив се вратиле во Велика Британија, бидејќи Австралија не ги исполнила нивните очекувања.




Спонзорирани линкови

Маркетинг