Официјално: Легендарниот стопер на Манчестер е наследникот на Бенитез во Њукасл

Дерби

17/07/2019

12:16

1.623

Големина на фонт

а а а

Рафаел Бенитез брзо си пронајде нова средина откако го напушти Њукасл минатиот месец (замина на печалба во Кина), а 20-тина дена по официјалната разделба на двете страни, денеска клубот од „Ст. Џејмс парк“ и дефинитивно го соопшти наследникот на шпанскиот стручњак.

Всушност, станува збор за надалеку познато име во англиската спортска јавност, бидејќи првиот тим на „страчките“ во новата сезона ќе биде воден од страна на Стив Брус. Легендарниот стопер на Манчестер Јунајтед денеска потпиша тригодишен договор со Њукасл, а овој потег се очекува да донесе доста размрдување во градот, бидејќи добро познато е дека Брус претходно го водеше и лутиот ривал Сандерленд.

– Пред мене е огромен предизвик, или поточно, пред цел мој тим. Мојот стручен штаб е подготвен за ова. Станува збор за клубот од моето детство, клубот за кој од срце навиваше мојот татко. Поради тоа, ова е специјален момент за мене и моето семејство, – порача Брус кој инаку е роден во село во близина на Њукасл.



Спонзорирани линкови

Маркетинг