Гризман ја појасни изненадувачката изјава за новиот соиграч во Барселона

Дерби

17/07/2019

11:28

755

Големина на фонт

а а а

Антоан Гризман го одработи опширното интервју за официјалната телевизија на клубот по комплетирањето на трансферот во Барселона, а наспроти тоа што најави дека има подготвено посебна прослава за првиот гол кој ќе го постигне на „Камп Ноу“, мораше да даде и појаснување за изненадувачката изјава која ја даде пред неколку месеци.

Во една прилика, францускиот напаѓач истакна дека Френки Де Јонг е најтешкиот ривал со кој се соочил на теренот, а сега го повтори својот став со детално образложување зошто го мисли тоа за човекот кој сега е негов нов соиграч во каталонскиот гигант.

– Навистина многу ми се допаѓа Френки Де Јонг, тој за мене е најтешкиот ривал со кој сум играл, многу е тежок на теренот. Беше навистина комплицирано кога се обидував да му извршам пресинг, едноставно никогаш не можете да му ја одземете топката. Барселона доби голем играч во него, – појаснува Французинот.



Спонзорирани линкови

Маркетинг