Австралијанецот Ник Кирјос се огласи за првпат по Вимблдон и веднаш влезе во расправија со навивачите на Новак кои едвај дочекаа под фотографијата на Инстаграм да му напишат кој е шампион на Грен слем на трева.
Кирјос пред финалето му испрати порака на Федерер: „Федерер, те молам победи“, а откако за Ѓоковиќ изјави дека е “болно опседнат со тоа сите да го сакаат“, го навлече глевот кај навивачите на Ноле и тие не останаа должни.
Сега првпат по освојувањето на шампионската титула на Ноле, Кирјос се огласи и постави фотографија под која следел “рафал“ од коментари на навивачите српскиот тенисер кои воглавно пишувале „Новак е шампион“.
Кирјос тоа очигледно го погоди па одговарал како ќе стигне.
„Кој е тој?“ - гласел еден одговор на безобразниот Австралијанец.
Но, навивачите на српскиот тенисер не се откажувале туку сè повеќе и повеќе пишувале коментари: „Новак е шампион“ за Кирјос конечно да сфати кој е најдобар на светот.