Со голи раце тргна да се пресмета со исламистите: Се појави снимка од невооружен полицаец како блокира терористи на лондонскиот мост

Точка

17/07/2019

11:30

11.455

Големина на фонт

а а а

Најновата снимка го покажува моментот кога невооружени полицајци се најдоа лице во лице со тројцата исламски терористи кои што на себе носеа самоубиствени експлозивни елеци.

За време на нападот на еден од мостовите во Лондон во 2017-та година, во кој беа убиени 7 и ранети 48 лица, 36-годишниот полицаец Бартек Чорзевски тргна кон тројцата исламисти кои беа тргнати во крвавиот поход.

Тој и неговиот колега Сем Балфур завршиле со својата смена, но кога пристингал повикот тие веднаш одлучиле да истрчаат и да помогнат. Тие истрчале кон терористите вооружени само со пендреци и лисици.

По пристигнувањето, ги забележале крвавите ножеви залепени за рацете на џихадистите и експлозивните елеци на нивните гради, но и покрај тоа, полицаецот Чорзевски дотрча на оддалеченост од само два метри во обидот да ги попречи и да спаси животи.

Исламските фанатици веќе имаа покосено невини пешаци на лондонскиот мост и избоделе неколку случајни минувачи, пред да интервенира полицијата.

Снимката е објавена по завршувањето на истрагата, на која поротата заклучила дека терористите биле законски убиени од страна на полицијата откако ги игнорирале јасните предупредувања.



Спонзорирани линкови

Маркетинг