Ким бесен поради американските воени вежби, се закани со ракетни тестови: Ако не ги исполнат ветувањата на Трамп...

Точка

17/07/2019

14:08

1.362

Големина на фонт

а а а

Севернокорејските власти сугерираа дека би можеле да ја прекинат својата 20-месечна суспензија на нуклеарни и ракетни тестови поради американските и јужнокорејските воени вежби кои официјален Пјонгјанг ги смета за подготовки на инвазија на нивната земја.

Предстојните редовни летни воени вежби на армиите на Соединетите Американски Држави и Јужна Кореја, ќе ја примораат Северна Кореја повторно да размисли за тоа дали да се посвети на ветувањата кои им ги даде на САД, соопштија севернокорејските власти, пренесува „АП“.

Во соопштението на Пјонгјанг е наведено дека американскиот претседател Доналд Трамп ветил дека ќе ги прекине воените вежби со Јужна Кореја во текот на првиот и третиот состанок со севернокорејскиот лидер Ким Јонг Ун.


Сепак, планираните летни воени вежби на Вашингтон и Сеул и распоредувањето на оружје на југот, велат од Пјонгјанг, покажуваат дека американските власти не го исполнуваат тоа ветување.

„Со оглед на тоа што Соединетите Американски Држави еднострано ги отфрлија своите обврски, постепено го губиме оправданието да продолжиме со обврските кои ги превзедовме во договорот со нив“, стои меѓу другото во соопштението кое го пренесе официјалната севернокорејска новинска агенција “KCNA”.


Во соопштението е истакнато дека Северна Кореја не е обврзана со никакви законски документи да ги сопре своите нуклеарни и ракетни тестови.



Спонзорирани линкови

Маркетинг