Била готвачка и кошаркарка, а денес своите фотографии и видеа ги продава за 30.000 долари: „Тоа не е порнографија, јас сум силна и самоуверена жена“

Точка

16/07/2019

22:04

14.674

Големина на фонт

а а а

Австралијката Џем Волфи станала милионерка откако на социјалните мрежи почнала да ги објавува своите фотографии и видео снимки.

На Инстаграм ја следат повеќе од 2,7 милиони фанови, а објавите ги споделува и на интернет страницата „OnlyFans“, која е популарна во индустријата за филмови за возрасни и на кои мора да се претплатите.

Сè започнало во 2015-та година, кога ја прекинала кошаркарската кариера поради повреда на коленото. 27-годишната Австралијка на почетокот работела 70 часа во неделата како готвачка, но се разочарала од таа работа, па ѝ се посветила на кошарката која ја прекинала поради споменатата повреда.

Додека била на рехабилитација почнала да објавува видеа од теретана, а бројот на фанови почнал да расте од ден на ден. Џем тврди дека нејзината работа нема врска со порнографија.

„Сакав да се мотивирам себеси, но и другите и така всушност започна сè. Не објавувам ништо вулгарно. Тенка е границата помеѓу голотијата и порнографијата, а мене не ми треба тоа. Сепак јас сум силна и самоуверена жена“, објаснила секси Австралијката.

View this post on Instagram

Wednesdays never looked so sweet! ??? #newyork

A post shared by Jem ? Wolfie (@jemwolfie) on



Спонзорирани линкови

Маркетинг