Кој е Емануел Макрон и зошто носи две бурми?

Точка

16/07/2019

18:26

6.500

Големина на фонт

а а а

Актуелниот претседател на Франција, Емануел Жан-Мишел Фредерик Макрон, ја интригира јавноста од самото стапување на таа функција, во мај 2017-та година.

Најголемо внимание привлече поради својата 24 години постарата сопруга, Брижит Троње.

Роден е на 21-ви декември, 1977-та година во Амиен, на север од Франција. Ги завршил студиите на престижната Голема школа на Парискиот институт за политички студии.


На истиот институт ја стекнал и мастер дипломата, а исто така дипломирал на мастер студиите по филозофија на универзитетот Париз-Нантер.

Станал инвестициски банкар, и работел во период од 2008-ма до 2013-та година, а тоа му донело заработка од речиси три милиони евра.

Тој се кандидирал за претседател на Франција во 2016-та годна, а во мај, една година подоцна, станал претседател на Петтата Република.

Покрај него постојано била неговата 66-годишна Брижит, со која е во брак цели 12 години. Сегашната сопруга ја запознал уште како 15-годишен ученик, а таа му била наставничка по драма.

Родителите на Макрон биле шокирани кога дознале дека нивниот син тинејџер е во врска со венчана наставничка. Се венчале во 2007-ма година, кога тој имал речиси 30, а таа 50 години. 

Она што е помалку познато за јавноста е дека Емануел и неговата сопруга имаат по две бурми. Првата, се разбира, им е од венчавката. Сепак втората бурма на неговата сопруга крие тажна приказна. Таа бурма ѝ припаѓала на нејзината сестра, која загинала во сообраќајна несреќа, заедно со нејзиниот сопруг, кога таа имала само осум години. 



Спонзорирани линкови

Маркетинг