„Фенди“ ја враќа во мода „тенџере“ фризурата од детството

Fashionel.mk

16/07/2019

17:33

1.789

Големина на фонт

а а а

Веруваме дека речиси секој од вас, без разлика дали е машко или женско, во детството имал таканаречена „тенџере“ или „шлем“ фризура.

И додека ние се смешкаме на тие фотографии и посакуваме тој тренд никогаш да не се врати, без разлика на тоа што ни кажуваат колку сме биле слатки, „Фенди“ го враќа повторно на модна сцена.

Имено, на последната ревија за колекцијата од Висока мода, одржана вчера, сите манекенки на пистата носеа токму такви фризури.

Модната куќа се послужи со овој тренд, кој својата кулминација ја имаше во 70-тите и го надгради со пастелни нијанси. Педесет и четири перики во пастелни нијанси беа нешто што не можете да го игнорирате, а кои се дело на фризерот Сем Мекнајт.

Би носеле ви повторно ваква фризура?



Спонзорирани линкови

Маркетинг