„Амазон“ развива робот кој ќе ги слуша вашите наредби

Точка

16/07/2019

16:59

921

Големина на фонт

а а а

Vesta ќе биде робот кој реагира на вашиот глас и ги извршува вашите команди, а ќе биде опремен со камери за подобро да се снајде во просторот.

Американската компанија „Амазон“ развива робот кој ќе го слуша гласот на својот „господар“, пренесува „Дејли Мејл“.

Домашниот асистент на тркала, моментално е во фокусот на оваа компанија и најдобрите инженери биле повлечени од останати проекти за забрзано да работат на развојот на овој робот.


Освен името Vesta, засега не се откриени повеќе информации околу новиот робот. Познато е дека ќе биде висок до „половината на човекот“, дека ќе реагира на гласовни команди и ќе биде опремен со повеќе камери за да може да се снаоѓа во просторот. Од „Амазон“ засега го немаат објавено тоа што најмногу ја интересира јавноста – што ќе може да изврши Vesta и како?

„Дејли Мејл“ додава дека најверојатно повеќе детали за роботот на „Амазон“ ќе дознаеме во септември кога американскиот гигант традиционално ги претставува своите поголеми проекти.



Спонзорирани линкови

Маркетинг