Уште еден ѕвер на ABT Sportsline: Пристигнува Audi RS3 со 470 коњски сили!

Точка

16/07/2019

16:35

2.867

Големина на фонт

а а а

Само што Mercedes го претстави моќниот AMG A45 S со 421 коњски сили, германската тјунинг компанија го подигна нивото со помош на ривалот од Инглоштад.

Ако ги сметаме само фабричките, немодифицирани верзии, тогаш Mercedes-AMG A45 S со 421 коњски сили (310 kW) и 500 Nm е крал на таканаречените „хот-хеч“ автомобили.

Најблискиот конкурент, Audi RS3 со фабрички 400 коњски сили (294 kW) и 480 Nm максимален обртен момент, заостанува зад ривалот од Штудгарт, но од ABT Sportsline се потрудија сето тоа да го свртат во корист на Audi.


Тјунерската компанија од Германија ја зголеми моќта на RS3 на дури 470 коњски сили (346 kW), додека максималниот обртен момент на овој унапреден хечбек изнесува 540 Nm.


Истовремено, зголемена е и максималната брзина од 250 километри на час на 285 км/ч, додека податокот за забрзување од 0 до 100 км/ч не е откриен. Инаку, фабричкиот RS3 до „стотка“ забрзува за 4,1 секунда.




Спонзорирани линкови

Маркетинг