Британците воодушевени од потегот на Новак: “Каков господин, ова ретко се гледа”

Точка

16/07/2019

22:09

30.746

Големина на фонт

а а а

Цел свет го виде моментот кога Кејт Мидлтон му го предаде пехарот на Новак Ѓоковиќ, но малкумина обрнаа внимание на еден потег на српскиот тенисер кој ја воодушеви јавноста.

Имено, како што се забележува на снимката, Ѓоковиќ ѝ приоѓа на војвотката од Кембриџ, а пред да го преземе пехарот, тој ѝ се поклонува, почитувајќи го протоколот и правилата на однесување кон кралското семејство. 

Овој гест, секако, не поминал незабележано и на официјалниот профил на Кејт и Вилијам.


“Фактот дека дури и луѓето кои не се Британци ѝ се поклонуваат на нашата војвотка докажува колку сме среќни што ја имаме. Сите ја сакаат и почитуваат!”, “Совршен наклон на Ѓоковиќ”, “Каков галантен победник, со стил. Тој е вистинско освежување и вистински господин!”, “Толку се полни со почит едни кон други!”, се само дел од коментарите на воодушевените гледачи.

Кога му дошол редот на Федерер, тој од Кејт добил тапкање по рамото и пофалба на сметка на играта. Инаку, Федерер уште одамна ја раскажал анегдотата која се случила во текот на запознавањето со британската кралица.

“Не знаев како треба да се однесувам, па затоа го прашав Новак што да правам бидејќи изгледаше како тој да знае. Ми објасни, а јас бев последен во редот за запознавање, па гледав што прават останатите”, бил искрен Роџер.



Спонзорирани линкови

Маркетинг