1,91 секунди: Нов рекорд на Ред Бул за менување на гуми

КРУГ.МК

16/07/2019

15:32

1.662

Големина на фонт

а а а

ДОДЕКА ГИ ПРОЧИТАВТЕ ПРВИТЕ ДВА ЗБОРА ОД НАСЛОВОТ НА ВЕСТА, МЕХАНИЧАРИТЕ НА РЕД БУЛ ВЕЌЕ ПРОМЕНИЈА ЧЕТИРИ ПНЕВМАТИЦИ НА НИВНИОТ БОЛИД.

Тоа беше случајот во Британското Гранд При, кога при промена кај Пјер Гасли, 16те членови на тимот го изведоа менувањето за 1,91 секунда, што е нов рекорд, подобро од претходниот за 1 стотинка, кој претходно беше во сопственост на Вилијамс во 2016 година на трката во Азербејџан.

Ред Бул не само што го имаа најбрзото време на менување, тие го имаа и второто најбрзо менување во Силверстон, 1,96 секунди на болидот на Макс Верстапен.

Добро прочитавме, сега погледнете како изгледаше сето тоа.




Спонзорирани линкови

Маркетинг