Досега невидено решение: Samsung Galaxy S11 ќе има иновативен „слајдер“ екран

Точка

16/07/2019

15:59

2.510

Големина на фонт

а а а

Samsung на годишно ниво поднесува барања за голем број на патенти кои понекогаш може да се најдат и во идните уреди на јужнокорејската компанија.

Овојпат, Samsung патентираше ефективно решение за обезбедување на поголем екран на паметниот телефон. Пријавата за патентот на дизајн е поднесена кон крајот на 2018-та година, патентот бил одобрен кон крајот на мај, а јавно објавен на 24-ти јуни оваа година.


Во рамките на патентот се наоѓаат 14 скици, на кои може да се види решението на Samsung за „зголемување“ на екранот кој има “edge” дизајн. Специјалната карактеристика на овој модел е тоа што површината на екранот може да се зголеми за околу 50% со извлекување на екран, под главниот екран со помош на „слајдер“.


На фотографиите може да се забележи “punch-hole” системот за камерата, кој е сместен на средината од горниот дел на „главниот“ екран, што значи дека овој дел од екранот нема да може да се поместува.

Патентот не открива колку камери ќе бидат сместени на предниот дел, ниту пак дали и кога би било имплементирано ваквото решение.




Спонзорирани линкови

Маркетинг