Американка расплакана побегнала од сплитскиот ресторан: Кога ѝ ја донеле рибата која ја нарачала почнала да вреска

Точка

16/07/2019

14:55

11.001

Големина на фонт

а а а

Во некој ресторан во Сплит неодамна се случило нешто необично, случка која не престанува да се раскажува и за која се пишуваше низ целиот регион.

Одеднаш во тој ресторан се слушнало силно врескање, а само неколку минути подоцна младата Американка истрчала надвор целата во солзи и паника. Луѓето кои биле на лице место го прашале келнерот што се случило, а тој само одговорил: „Ѝ донесов риба“.


На почетокот на никој не му било јасно во што е проблемот, а потоа келнерот додал:

„Гужва е, не можев да бидам толку внимателен, нив секогаш им ја служам рибата без глава“...

На крајот сите сфатиле дека Американката била испаничена поради главата од рибата на чинијата, а кога ја здогледала почнала да вика: „Има очи!“

Келнерот изјавил дека ова не се случува често затоа што гостите вообичаено го замолуваат да им ја исчисти рибата и шкампите, а често знае тоа сам да го направи без да му кажат. Овојпат не го направил тоа, а налетал на девојка која била малку почувствителна.



Спонзорирани линкови

Маркетинг