Авионот слетува над главата на туристите: Една од најопасните писти се наоѓа на грчки остров

Точка

16/07/2019

14:46

4.990

Големина на фонт

а а а

Овој аеродром е популарна туристичка атракција.

На драматичната снимка се гледа моментот кога авионот слетува на неколку метри над главите на туристите на популарниот остров во Грција. 

Авионот на "British Airways" бил снимен на аеродромот Скијатос во Грција додека се приближувал до пистата, пренесува "Independent".

Аеродромот на Скијатос е популарна туристичка атракција, а туристите чекаат на патот покрај пистата за да ја доживеат несекојдневната авантура.

На снимката се гледаат туристи кои морале да се сокријат додека авионот слетувал, поради што се претпоставува дека ова е најниско слетување некогаш на овој аеродром.

На ова место постојат и предупредувања на кои пишува дека не треба да се приближувате до пистата, а сите кои одат на овој популарен остров не пропуштаат можност да направат опасно и во исто време возбудливо селфи со авионот.



Спонзорирани линкови

Маркетинг