Меркел вторпат седната на церемонија по последната епизода на тресење

Макфакс

16/07/2019

14:23

901

Големина на фонт

а а а

Германската канцеларка Ангела Меркел повторно го прекрши протоколот седејќи за време на изведување на националната химна денеска кога ја пречека новата молдавска премиерка Маја Санду, пренесува „Спутник“.

Германската канцеларка имаше неколку епизоди на тресење во јавноста минатиот месец. Првата епизода се случи во средината на јуни кога беше видена како се тресе до украинскиот претседател Владимир Зеленски, но нејзиниот тим подоцна објасни дека канцеларката дехидрирала од топлото време.

Една недела подоцна Меркел беше снимена како се тресе на состанокот со германскиот претседател Франк-Волтер Штајнмаер. Минатата недела Меркел доживеа нов напад на состанокот со финскиот премиер Анти Рин во Берлин.

За време на последната епизода германската канцеларка и данскиот премиер Мет Фредериксен го прекршија протоколот седејќи за време на изведувањето на националната химна. Според извештаите во медиумите, Меркел беше таа што побарала промена.



Спонзорирани линкови

Маркетинг