Катар отвори масивна поморска воена база, но дали ќе ја користи катарската армија?

Точка

16/07/2019

14:03

1.390

Големина на фонт

а а а

Катарските власти ја отворија најголемата поморска воена база во земјата, а аналитичарите сметаат дека сепак „газда“ во таа база ќе биде американската, а не катарската армија.

Катар, каде што веќе се наоѓа најголемата американска воена база на Блискиот исток, ја отвори и својата најголема поморска воена база во времето на одржувањето на заеднички воени вежби со американските сили.

На церемонијата по повод отворањето на поморската воена база „Ал-Дајен“, присутни беа катарскиот премиер Абдулах Бин Насер Бин Калифа Ал Тани и командантот на американските поморски сили, адмиралот Џим Малој.


Во соопштението на катарското министерство за внатрешни работи се открива дека базата се протега на површина од 640 илјади квадрати и главната цел на новата воена база е обезбедување на катарските територијални води.

Според аналитичарите, како и во случајот на огромната воздушна воена база „Ал-Удеид“, очигледно е дека Катарците и оваа база не ја изградија за себе, туку за потребите на морнарицата на нивните американски сојузници, со што уште повеќе се зајакнува американското воено присуство во регионот.


Имено, главното седиште на американската воена морнарица во Заливот моментално се наоѓа во Бахреин каде што е стационирана американската Петта флота, на чие што чело се наоѓа токму адмиралот Џим Малој. Тој меѓу другото порача дека новата база во Катар претставува „фантастична прилика за поблиска соработка со катарската крајбрежна стража“.

Да потсетиме, односите помеѓу Катар и Саудиска Арабија (со тоа и Катар и Бахреин) и натаму се нарушени, а на катарските власти од Доха од голема важност им е да ги задржат добрите односи со Вашингтон, затоа што доколку не се „пријатели“ со САД, тогаш Катар би можел да се најде на мета на Ријад. Саудијците, иронично, ги обвинуваат Катарците за „поддржување на тероризмот“.



Спонзорирани линкови

Маркетинг