Златан Ибрахимовиќ е голем фудбалски мајстор кој игра на застрашувачко ниво и на 37-годишна возраст, пред се благодарение на неверојатната физичка сила и кондиција која е производ на непрекинатите напорни тренинзи.
Добро познато е дека Ибра има црн појас во теквондо и акробатските потези од овој спорт доста често знае да ги употреби на теренот, а сега стана вирален хит на социјалните мрежи откако сподели едно видео поврзано за девојчето во кое многумина гледаат како на голема иднина во овој спорт.
Девојчето кое му е до половината на Златан ја крена ногата до главата на фудбалерот, а Златан воопшто не ни трепна…