Неверојатни фотографии од Србија го обиколија светот: Денес сите гледаат во овие детали кои се објавени на официјалниот Инстаграм профил на францускиот претседател Макрон

Точка

16/07/2019

22:08

11.275

Големина на фонт

а а а

Францускиот претседател Емануел Макрон е во дводневна посета на Србија, а вчера покрај големиот број на собрани граѓани на Калемегдан, во говорот во кој се обраќал и на српски јазик, изјавил дека Франција ја сака Србија и нејзините граѓани и дека Србија е во “нивните срца“.

„Еве, Франција е тука“ - изјавил Макрон во текот на вчерашниот говор на Калемегдан покажувајќи со својата рака на своите гради и продолжил: „Србија исто така е во нашите срца. Денес и засекогаш“ - изјавил шефот на француската држава на српски јазик.


Големо внимание во светот привлекоа фотографиите и снимките од Србија кои се објавени на официјалниот профил на францускиот претседател @elysee, каде што е проследена целокупната вчерашна посета на доаѓањето на Макрон, па сè  до обраќањето на граѓаните на Калемегдан.


Да ве потсетиме, францускиот претседател во текот на вчерашниот ден имал таен разговор во четири очи со Вучиќ кој траел многу повеќе отколку што било предвидено, а двајца државници во конференцијата за новинарите испратиле јасни пораки по прашањето за Косово и Метохија, европските интеграции и соработката на Србија и Франција.


Макрон истакнал дека и ЕУ мора да се реформира за да биде подготвена да ја прими Србија и дека Србија е голема европска држава и нација која има свое место во Европа, но дека и самата таа треба да го продолжи реформаторскиот пат.




Спонзорирани линкови

Маркетинг