"Одненадеж се соблече и ми даде вибратор": Манекенката тврди дека милијардерот ја нападнал гол и барал масажа

Точка

16/07/2019

09:56

7.124

Големина на фонт

а а а

И било кажано дека ќе и го промени животот, дека е важен во моделингот и пријател на претседателот Клинтон.

Манекенката од Италија тврди дека била принудена милијардерот и сексуален престапник да го гаѓа со секс играчка за да побегне од него. 

Елизабета Таи се потсетила како во 2004-та година била пратена во резиденцијата на милијардерот Џефри Епстајн, кога имала само 21 година.

Тогаш и било кажано дека тој е на чело на "Victoria's Secret" и дека е еден од најважните луѓе во моделингот, што не било точно, пренесува "Daily mail".

"Ми беше кажано дека ќе ми го промени животот. Го понесов своето портфолио кај него, но бев шокирана од тоа што го видов", рекла таа за "Washington Post".

Батлер ја отворил вратата, а внатре видела најмалку пет манекенки. Била возбудена.

Отишла во неговата канцеларија, во која, според нејзините зборови, имало кревет за масажа.

Како што кажала, таа средба за малку ќе завршела со напад, кога милијардерот одненадеж се соблекол, и дал вибратор и и рекол да пријде до креветот за масажа.

"Го зграбив вибраторот и го гаѓав во глава", рекла таа.

Истиот момент истрчала од канцеларијата, но била сопрена од една жена, која и рекла дека не може туку така да замине, дека тој е важен човек и пријател со претседателот Клинтон.

Успеала да излезе од таму и да се врати назад во Италија.

Да потсетиме, Џефри Епстајн, милијардер и осудуван сексуален престапник, бил уапсен пред една недела во Њујорк поради федерално обвинение за трговија со малолетници.

Милијардерот бил притворен поради дела извршени во 2005-та и 2007-ма година, а уапсен бил на њујоршкиот аеродром кога се враќал од Париз.

Епстајн е осомничен дека на малолетни лица им плаќал за масажа, по што сексуално ги искористувал.

Тогаш, како што рекол еден службеник, барал од тие малолетни лица да му носат свои пријатели на кои, исто така, им плаќал за сексуални услуги.

Некои жртви на милијардерот биле помлади од 14 години, а недозволените акции се случува во неговите куќи во Њујорк и Флорида.



Спонзорирани линкови

Маркетинг