Приказната за злобниот волк: Американски полицаец ги разоткрил корумпираните колеги, па морал да побегне во Москва

Точка

16/07/2019

09:42

1.759

Големина на фонт

а а а

Откако шест години бил прогонуван, малтретиран и следен, решил да побегне од земјата.

Поранешниот американски полицаец, кој разоткрил масовна корупција во полицијата, морал да побегне од земјата откако истрагата се завртела против него, а ФБИ му упаднал дома. Прибежиште нашол во Русија, каде побарал азил, а ако се врати во својата земја, му се закануваат 35 години затвор. 

Откако го напуштил Маринскиот корпус во САД, Џон Марк Дуган сакал нешто поавантуристичко од работа во канцеларија, па така станал полицаец. По шест години ја напуштил полицијата во Палм Бич на Флорида, шокиран од очигледните криминални активности кои ги видел таму.

По излегувањето од полицијата отворил блог, давајќи им форум на чесните полицајци на кој можат анонимно да дискутираат и да прикажат незанонско однесување од страна на високите службеници на законот.

Шест години бил прогонуван, малтретиран и следен, а ФБИ удаднал во неговата куќа и ја запленил сета негова дигитална опрема, а му дале и кодно име Злобен волк.

ФБИ го следеле него и неговото семејство, поради што одлучил да побегне од државата. Во САД ги оставил сопругата и децата.

Бидејќи пасошот му бил запленет, морал да се маскира и да премине во Канада, за да ја избегне американската царина, за која се сомневал дека го има на листа од патници на кои им се забранува да ја напуштат државата. Дуган потоа одлетал од Торонто во Истанбул и од таму со друг лет отишол во својата крајна дестинација, Москва.

Во документарец за "RT" ја раскажал својата неверојатна приказна.

"Имавме човек кој се вика Брент Рабан и тој беше наредник. Имаше мала група од свои луѓе, а тој само се шеташе наоколу, малтретираше и брутално тепаше малцинства. Откако ќе ги претепаа и оставеа во крв, ги фотографираа и сликите ги објавуваа на Фејсбук. Во описот пишуваа дека паднале по скали", рекол Дуган.

Дуган поради тоа го пријавил лошото однесување на своите колеги, но се завршило така што тој станал предмет на истрага.

"Не сакаа да го истражат Рабан па наместо тоа почнаа да истражуваат кој им ги праќал тие постови, кој ги пријавува полицајците кои ги вршеа тие злосторства. Така дојдоа до мене", рекол тој.

После тоа морал да даде отказ од работа, а во 2009-та година направил сајт на кој полицајците можеле да пријават лоши колеги. Разоткрил некои од високите службеници на полицијата во Палм Бич, меѓу кои и шерифот на овој округ.

Како што се наведува во документарецот, десната рака на шерифот решила да преземе одредени акции против Дуган, а тој наводно и се заканувал и на неговата сопруга.

Поранешниот полицаец така се нашол под надзор.

"Почнав да гледам непознати возила пред мојот дом, луѓе правеа фотографии", рекол тој.

После тоа ФБИ упаднал во неговиот дом, барајќи докази за сајбер криминал. Бидејќи му се заканувале 35 години затвор, Дуган решил да ја напушти земјата.

"Искрено, не сакам да се вратам дома. Мојата земја ме предаде", рекол тој.

Дуган добил азил во Русија, а на прашањето дали мисли дека ја направил вистинската работа, одговорил потврдно.

"Да, ја направив вистинската работа", заклучил тој.



Спонзорирани линкови

Маркетинг