Најпознатата раскрсница на светот: Шибуја во Токио има 5 премини и еве зошто мора да се мине за 5 секунди

Точка

16/07/2019

08:36

1.921

Големина на фонт

а а а

Секој ден на таа раскрсница минуваат неколку илјади пешаци. Светски познатата раскрсница Шибуја во Токио е вистински симбол за контролиран хаос во големиот град.

10 сообраќајни ленти и пет главни пешачки патеки се окружени со неонски згради во срцето на Токио. Освен што секојдневно служби за премин, на оваа локација се организираат и дочеци за Нова година, но и прослава за Ноќ на вештерките, која последните години е се попопуларна во Јапонија. 

Покрај раскрсницата се наоѓа станицата Шинјуку, една од најраздвижените железнички станици на светот и станица која е невозможно да се заобиколи при посета на Токио. Раскрсницата може да се види и во многу филмови како "The Fast and The Furious", "Lost in Translation" и други. Моделите ја користат како модна писта, а без разлика дали има некој настан на таа локација, раскрсницата и натаму останува функционална. Без разлика на бројот на луѓе, никогаш нема да биде многу загушена, а возилата за итна помош лесно пробиваат низ неа, пишува CNN.

Секој ден на неа нешто се менува, посебно видео-паноата, а се подготвуваат и ОИ 2020-та година. Може да се слушнат и аудио и видео информации, како што се прогноза на време и слично. Во тој голем хаос може лесно да се збуните, а тука е и споменикот кој им е познат на сите. Оној од лојалното куче Хачико, кој верно го чекал враќањето на својот сопственик од работа на таа станица во текот на 1920-тите години. Кога Хидесабуро Уено починал, Хачико продолжил да чека, секој ден, речиси една деценија. Неговиот вид е многу популарен а тој е познат како верно куче. Бил жив и присутен во текот на откривањето на споменикот во 1932-ра година, а моменталниот споменик е римејк од 1984-та.

Најпопуларно место на кое можете да направите панорамски фотографии е трговскиот центар Магнет, точно над раскрсницата, кој е отворен од 11 наутро до 11 навечер. Влезот е бесплатен.

Опремен е со камера која за мал надомест може да се синхронизира со паметниот телефон на посетителот и со неа да се направи селфи. Има уште неколку локации со најдобар поглед на раскрсницата, како што е Шибуја Ликари зградата, во која има канцеларии, театри и продавници.

Набрзо сето тоа ќе падне во сенка на Шибуја Скиџа, облакодер со 47 ката. Ќе биде највисок во Шибуја и на кровот ќе има платформа отворена 360 степени, од каде ќе може да се види целото подрачје, но ќе има и добар поглед на раскрсницата. Сигурно ќе биде огромна атракција кога ќе се отвори во септември оваа година.



Спонзорирани линкови

Маркетинг