Морничава глетка како од хорор филм: 60 птици паднале од “ведро небо“ на земјата, крвта им течела од очите и сурово умирале!

Точка

15/07/2019

19:10

4.852

Големина на фонт

а а а

Шеесеттина птици одеднаш паднале од “ведро небо“ во близина на основното училиште во Јужна Австралија. На оваа несекојдневна сцена биле сведоци многубројни згрозени набљудувачи, а се сомнева дека дошло до масовно труење на птиците.

„Беше како да бевме во некој хорор филм, десетина птици паднаа на земјата и крвареа од очите во близина на Аделејда“ - изјавил некој од експертите.

Сара Кинг, основач на агенцијата за спасување на птиците, изјавила дека еден од нејзините работници ги открил овие птици во средата и многу се вознемирил.

„Само две или три птици изумреле. Останатите само испуштале звуци на тлото од земјата. Повеќе не можеа да летаат, крвта беше насекаде околу нив“ - ја опишал страшната сцена некој од спасителите кои од вкупно 60 птици успеале да спасат само две.

Меѓу мртвите птици имало и корела која се смета за штетник во Јужна Австралија. Меѓутоа поголемиот број од убиените птици припаѓале на други видови, а меѓу нив имало и некои од заштитените видови.

„Ова беше бавна, страшна и непотребно сурова смрт која траеше со недели“ - заклучила Кинг напоменувајќи дека отровот предизвикува внатрешно крварење кое трае со недели.

Иако се верува дека станува збор за масовно труење, локалните ветеринари го подготвуваат токсиколошкиот извештај, но резултатите сè уште не се завршени.




Спонзорирани линкови

Маркетинг