Овој напиток ќе ве освежи на најдобар можен начин. Освен што разладува, ќе ви обезбеди доволна доза кофеин, а со самото тоа и доволна количина на енергија. Идеален е за започнување на денот или пак за после работа.
Многу е вкусен и лесен за подготовка.
- 1 кесичка инстант кафе;
- 1 лажица шеќер;
- 2dl млеко од кокос;
- 1 зрела банана;
- ¼ лажица екстракт од кокос.
Овој кремаст и вкусен напиток ќе го направите за само неколку минути. Прво изматете го инстант кафето од кесичката со кокосово млеко. Потоа додадете банана, екстракт од кокос, шеќер и ситно искршен мраз, па смесата ставете ја во блендер и добро измиксајте. Истурете во долгнавеста чаша, по желба додадете уште неколку коцки мраз и украсете со шлаг.