Убавата наставничка завела 13-годишен ученик, а сега оди во затвор: Имале секс насекаде, а тогаш сè откриле неговите родители

Точка

15/07/2019

16:41

4.657

Големина на фонт

а а а

Поранешната наставничка од Аризона, Британи Замора, е осудена на 20 години затвор бидејќи признала дека повеќе пати имала секс со 13-годишен ученик. 28-годишната Британи инсистира дека се било доброволно и дека таа не е закана по општеството.

Полицијата вели дека таа имала секс со момчето неколку пати, во својот автомобил, како и во училниците. Таа признала вина по 10 точки од обвинението за сексуален однос со малолетник, злсоставување, секс во јавност... 

Поранешната наставничка нема да може да излезе порано од затвор, па ќе мора да ја мине целата казна зад решетки.

Максималната казна за тоа кривично дело во Аризона е 44 години, а Замора ја добила најмалата предвидена казна поради тоа што ја признала вината и се договорила со обвинителството.

"Јас сум добра и искрена личност која направи грешка и длабоко се каам за тоа", рекла Замора. Таа потоа пратила извинување до жртвата, неговото и своето семејство.

Овој случај е откриен кога родителите на момчето забележале дека нивниот син се однесува чудно. Тие тогаш инсталирале софтвер за следење на неговиот телефон.

Мајката на детето истакнала дека нејзиниот син претходно бил невино дете и дека наставничката му ја украла невиноста. Навела дека ја мрази Британи поради тоа што му го направила на нејзиниот син и нејзиното семејство.

Потсетуваме, Замора работела во основно училиште во Авондејл, каде во 2016-та била прогласена за наставник на годината.



Спонзорирани линкови

Маркетинг