Рускиот цар ќе стане премиер: Кремљ веќе бара начин како Путин да остане на власт после истекувањето на мандатот

Точка

15/07/2019

18:23

4.361

Големина на фонт

а а а

Иако на рускиот претседател Владимир Путин до крајот на мандатот му остануваат уште пет години, Кремљ веќе се подготвува за тој период и цели тимови на советници бараат начин како Путин и после тоа да остане на чело на државата.

Се разгледуваат бројни варијанти, наводно една од нив била и обединување на Русија и Белорусија, со што Путин би станал претседател. Сепак, ова е најмалку веројатното сценарио кое го подготвува Кремљ.

Извори од Кремљ откриле дека руските власти ја разгледуваат можноста Путин по истекувањето на претседателскиот мандат да стане претседател на Советот за национална безбедност, или пак повторно да биде премиер, пренесува „Блумберг“.


Путин беше премиер во периодот од 2008-ма до 2012-та година кога Димитриј Медведев му ја чуваше претседателската функција. Опција исто така е и овозможување на нов мандат на Путин, но за тоа ќе биде потребна промена за уставот.

Аналитичарите сметаат дека тоа не би било проблем кога станува збор за режимот на Путин, а дека тука нешто навистина се подготвува најдобро веќе се покажува во ТВ просторот преку ударните ТВ лица на режимот на Путин – Владимир Соловјов и Дмитриј Кисељов, како и во политчкиот простор (Вјачеслав Володин, претседателот на руската Дума) кои говорат дека уставот е „жив организам кој е подложен на измени“.

Имено, Русија е претседателска република во која претседателот има големи, речиси царски овластувања – може да го стопира секој закон кој го носи Думата или било која владина одлука. Тоа значи дека доколку Путин се подготвува повторно да биде премиер, потребни се уставни измени. Некои аналитичари во Русија сметаат дека тогаш Москва би тргнала кон канцеларски систем, но сепак ништо нема да биде лесно за Путин.


Проблем за Путин моментално се две работи. На рускиот претседател според анкетите веќе константно му паѓа популарноста, а втората работа е тоа што неговата партија „Единствена Русија“ веќе се наоѓа во длабока криза, при што дури и медиумите на Путин како што е таблоидот „Московски Комсомолјец“ ја нарекоа партијата „токсична партија“ и ја повикаа да се самораспушти.

На последните локални избори „Единствена Русија“ не помина добро, а многу истакнати членови на партијата на изборите излегоа како независни кандидати. Во Кремљ веќе е вклучен алармот затоа што рејтингот на партијата е најлош во последните 13 години, а во 2021-ва година се закажани парламентарните избори.

Не е проблем дека про-кремљските сили ќе добијат, но проблем е тоа што за промена на уставот е потребно двотретинско мнозинство, а тоа е доведено под голем знак прашалник.


Аналитичарите сметаат дека и актуелната опозиција е политички корумпирана и наклонета кон Кремљ, пред се поради тоа што политичките противници на Путин досега често завршуваа зад решетки, но за еден ваков сериозен политички зафат на Путин ќе му биде потребно да има целосна контрола над гласањето.

Тоа значи дека стратезите од Кремљ најпрвин мора да смислат како да оебзебдат двотретинско мнозинство во Думата, а потоа доаѓа завршната фаза – спасувањето на претседателот Владимир Путин.



Спонзорирани линкови

Маркетинг