Мислела дека е бремена бидејќи тестот за бременост бил позитивен, а потоа дознала дека тоа внатре не е бебе

Точка

15/07/2019

14:20

6.793

Големина на фонт

а а а

Се радувале и биле убедени дека наскоро ќе станат родители, а потоа ги дознале ужасните вести. Теми Милан и нејзиниот сопруг Ричард, актерот од серијата „Veterlo Round“ биле “скршени“ од сознанието за сериозната и необична болест која ја добила Теми.

Нејзиниот тест за бременост бил позитивен, а подоцна се воспоставило дека не е бремена туку дека се работи за тумор кој личи и на бебе во стомакот.

Се радувале и биле убедени дека наскоро ќе станат родители, но во подоцнежното посетување на болницата, нивниот живот се распаднал на повеќе парчиња. Ултразвукот открил дека нема бебе во стомакот и дека станува збор за опасна и ретка болест хориокарцином која расте во плацентата и која има симптоми како бременоста.

„Кога бев на ултразвук по три месеци од “бременоста“, се воспостави дека ембрионот не расте“ - изјавила Теми Милан по деталниот преглед и по сознанието за страшната болест.

„Боледува од хориокарцином, многу редок вид на тумор“ - изјавиле докторите.


Веднаш по прегледот во Универзитетската болница во Велс, била префрлена во медицинската установа Черинг Крос во Лондон.

Поради природата на болеста докторите не можеле да ја оперираат, туку започнале со хемотерапија. Секоја недела во наредните осум месеци морала да ја посетува болницата и да оди на хемотерапија.

„Морав да поминам преку тоа. Ја имав поддршката од мојот сопруг, цело време беше покрај мене“ - изјавила Теми.

Во моментот кога ѝ била дијагностицирана болеста била во последната година од школувањето за медицинска сестра на Универзитетот во Јужен Велс.

По болеста продолжила со студиите, а неодамна дипломирала.


Туморот повеќе го нема, но анализите од крвта ќе мора редовно да ги праќа во болница и да оди на превентивни прегледи, а Ричард и Теми наскоро планираат да добијат и бебе.




Спонзорирани линкови

Маркетинг