Земја со 6 годишни времиња, 1.600 јазици и плаќање со пластичен отпад наместо пари: Запознајте ја Индија!

Точка

15/07/2019

15:10

2.513

Големина на фонт

а а а

Со дури 1600 јазици и една шестина од светската популација која ја нарекуваат свој дом, Индија е сè, само не обична земја.

Разноликоста на пејсажите, кујната и временските услови прават некои делови од земјата да изгледаат како да се сместени во сосема други држави. 

Еве кои работи ја прават Индија толку посебна:

Целиот свет има 4 годишни доба, а Индија има 6

Традиционалниот индиски календар има 6 годишни времиња:

Пролет: од средина од февруари до средина на април;
Лето: од средина на април до средина на јуни;
Монсун: од средина на јуни до средина на август;
Есен: од средина на август до средина на октомври;
Зимска вечер: од средина на октомври до средина на декември;
Зима: од средина на декември до средина на февруари 

Во светот постојат околу 8.000 јазици, а дури 1.600 се зборуваат само во Индија

Во повеќето земји се зборуваат еден, два или три јазици, но во Индија се зборуваат дури 1.600, од кои дури 122 се класифицирани како официјални јазици. Она што е најинтересно е фактот што, и покрај толкавиот број на јазици, Индија нема национален јазик.


Постојат факултети кои наместо пари за школина примаат пластичен отпад

Овој потег не само што им олеснува на сиромашните студенти да се школуваат, туку помага и да се намали количината на пластика која завршува во природата.

Во целиот свет зелената површина е сè помала, а во Индија е во сè поголем број

Во последните 20 години сме сведоци на масовно сечење на шумите ширум светот, поради што планетата се соочува со сè помалку зеленило. Од друга страна, “зелената прекривка” во Индија повеќекратко пораснала, соопштува НАСА. Тајната е во масовното садење на дрвја во 2017 година, кое го собори светскиот рекорд со 66 милиони посадени стебла за само 12 часа!

Мажите се прегрнуваат и се држат за рака

Во Индија е сосема нормално двајца мажи кои само што се запознале, да се прегрнат. Исто така, вообичаено е да се видат двајца машки пријатели како шетаат, држејќи се за рака.

Бројот на луѓе кои патуваат со индиска железница е еднаков на бројот на жители во Австралија

Иако е познато дека Индија е втора земја на светот по број на жители, на некои луѓе им е тешко да замислат за колкав број станува збор. Имено, во прашање се 1.345.760.000 жители.


Сè е евтино

Кафето во Индија изнесува 20 центи, а обилниот оброк е максимум 5 долари. Ноќ во хотел изнесува помалку од 15 долари, а градскиот превоз е еден од најевтините во светот.

Зошто Индијците постојано климаат со главата?

Климањето со главата означува и “да” и “не”, но климањето се разликува во различни делови од земјата. Всушност, мора да живеете во одреден дел од земјата за да го разберете тајниот јазик со климање на главата. Вам можеби ви се чини дека Индиецот ви кажува “да”, а тој всушност ви кажува “не”.

Игра која се почитува како религија

Крикетот се игра и гледа како нешто боженствено. Индијците страстно слават кога нивниот тим ќе победи, а плачат кога ќе изгуби.

Во тоалетите нема тоалет хартија

Индијците претпочитаат миење на интимните делови по употреба на тоалетот, па затоа наместо тоалет хартија, во секој индиски тоалет ќе пронајдете мала кофа и пешкир.

Банки кои не ги заклучуваат влезните врати

Во градот Шани Шингнапур, познат по бројните храмови, жителите немаат врати на своите домови, а доколку имаат – не ги заклучуваат. Тоа е затоа што веруваат дека се заштитени од Бога. Градот ја добил својата прва банка во 2011 година која исто така не се заклучува.


Индија е земја на фестивалите

Со славењето на големиот број богови и божици, Индија има многу фестивали. Секој е уникатен по начинот на прослава, но сите имаат нешто заедничко – сите се весели и шарени!

Еден од најпознатите индиски фестивали е Холи, или фестивалот на бојата. Овој фестивал ја слави љубовта, почетокот на пролетта и триумфот на доброто над злото. За време на Холи, луѓето излегуваат на улиците и се прскаат со бои. На овој ден, целата земја е обоена.

Земја на прекрасни луѓе

Дали сте знаеле дека Индија понела најмногу победи кога е во прашање Мис на светот? Дури шест пати, круната ја понела девојка од Индија, што никогаш не ѝ успеало на некоја друга земја.



Спонзорирани линкови

Маркетинг