Овие 10 откритија фрлаат ново светло на древниот Египет: Мечот на Тутанкамон е направен од метеорит, Египќаните користеле магии за секс

Точка

16/07/2019

01:19

9.774

Големина на фонт

а а а

Денешните генерации знаат голем број информации за древниот Египет, но постои и значаен број на тајни кои сè уште не се откриени.

Во последните неколку години се појави низа откритија кои даваат поинаков поглед на историјата на египетската цивилизација, а еве само дел од нив: 

10. Железо од метеорит

Во 1911 година се откриени предмети од железо, користени 2000 години пред Египет да имал можност за топење на метал. Неодамешните тестови покажале дека железото потекнува од метеорит, со што е потврдена теоријата дека железниот меч пронајден покрај телото на Тутанкамон настанал од метеорит.


9. Верски тетоважи

На телото на мумија од жена која живеела помеѓу 1300 и 1070 година п.н.е., со инфрацрвено светло се пронајдени 30 тетоважи. Утврдено е дека жената била тетовирана додека била жива, што укажува на верски ритуали. Многу египтолози биле вчудоневидени бидејќи таквите тетоважи никогаш претходно не биле откриени.

8. Приказ на демони

Египќаните се плашеле од демони уште од пред 4000 години. Откривањето на два демони во ковчег од периодот на Средното египетско царство (пред околу 4500 години) покажало дека верувањето во злите духови во древен Египет се појавило многу порано отколку што се верувало.


7. Срцеви болести

Атеросклерозата е честа болест во модерното општество, а во текот на истражувањата на мумии во Каиро, кај 20 од 52 мумии се пронајдени траги од оваа болест. Помеѓу мумиите е и принцезата Ахмос-Мериет-Амон која имала околу 40 години кога починала. Таа е најстарата позната личност која имала коронарна болест на срцето.


6. Фризури

Тело на жена кое било пронајдено во Амарна имало 70 екстензии на косата, слични на денешните. Надградбата била толку добро изработена што останала зачувана до денес, иако остатокот од телото се распаднало. Многу докази укажуваат на тоа дека луѓето носеле надградба на коса во секојдневниот живот. Во истата гробница се пронајдени уште тела со интересни детали, а најчесто тоа биле плетенки околу ушите.

5. Мумифициран фетус

Во Гиза пред 100 години бил пронајден 45 центиметри долг ковчег, а неодамна било утврдено дека во него се наоѓал фетус стар од 16 до 18 недели, што засега е најмладата пронајдена мумија. Најверојатно се работи за спонтан абортус, а бебето е мумифицирано со истите методи како и возрасните.

4. Рак

Неодамнешните истражувања покажале дека ракот, кој воглавно се смета за модерна болест, се појавувал и кај древните Египќани. Шпански научници пронашле мумија со траги од рак на дојка, а 4200 години старата мумија се смета за најстара жртва на рак на дојка во историјата. Во 2011 година е пронајдена 2250 години стара мумија која се смета за најстара личност заболена од рак на простата во древниот Египет.


3. Најстарите папируси на светот

Во 2011 година се пронајдени папируси, испишани со хиероглифи и хиератско писмо кои се сметаат за најстарите пронајдени папируси. Тие се толку стари што нивниот автор пишувал за изградбата на големите пирамиди во Гиза. Тоа е наводно единствениот запис на градбата на тие пирамиди.


2. Одлив на мозоци

Во текот на персиското владеење, многу египетски мислители и уметници биле одведени во Персија, а во Египет останале оние помалку талентираните. Тоа го докажува и ковчегот откриен во 2014 година на кои цртежите се толку лоши што експертите најпрвин мислеле дека се лажни.


1. Сексуални магии

Дешифрираните папируси од 3-тиот век покажуваат сексуални магии кои ги користеле Египќаните за да привлечат некого. На еден од нив, преку магија се повикуваат боговите да го “запалат” срцето на жената додека не го засака мажот. На друг папирус е напишана магија со која жената го маѓепсува мажот и со тоа тој ѝ се потчинува и прави што таа сака.




Спонзорирани линкови

Маркетинг