Девојките полудуваат по згодниот негативец од популарната серија на Нетфликс

Кармин

15/07/2019

11:38

3.982

Големина на фонт

а а а

Ако припаѓате на групата луѓе кои не можеа да ѝ одолеат на хит серијата “Stranger Things”, тогаш сигурно сте запознаени со ликот на Били Харгроув кој го толкува 24-годишниот актер Дејкр Монтгомери.

Иако во серијата е еден од главните негативци, особено во третата сезона, во реалноста овој актер е тотална спротивност. 

Имено, во неодамешното интервју за магазинот “GQ”, Дејкр открил дека во слободно време се занимава со јога, не пие алкохол, не пуши цигари и дека најголемиот порок му е – чоколадата.

Освен со актерство, овој млад Австралијанец се занимава и со пишување на поезија која ја претставува на својот подкаст “DKMH”. Во истото интервју открил и дека пред неколку години завршил и курс за уредување на ентериер и дека тоа прилично го интересира во деловна смисла. Звучи нереално, зарем не?

Сепак, ќе мора да ве разочараме со фактот дека Дејкр е во среќна врска со австралиската манекенка Лив Полок веќе подолго време.


Ако ве интересираат некои подетални информации за згодниот актер, погледнете го видеото во кое тој одговара на разни прашања од обожавателите по пат на социјални мрежи:


Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk