Ова е убавата поќерка на Макрон: Нејзината мајка ѝ го преземала момчето! Испливале детали од љубовниот живот на францускиот претседател и неговата сопруга

Точка

15/07/2019

10:29

7.311

Големина на фонт

а а а

Во сегашниот претседател на Франција заљубена била ќерката на неговата сегашна сопруга Брижит, Лурон Озиер.

Лурон, која е генерација со Макрон, одела заедно со него во средно училиште, а кога дошол во нејзиниот клас постојано зборувала за него и било очигледно дека ѝ се допаѓал. 

Меѓутоа, мајка ѝ и го "украла" момчето, открила помладата ќерка на Брижит, Тифен Озиер во документарецот "Брижит Макрон: Француска новела", во која раскажале детали за самиот почеток на шокантната врска меѓу нејзината мајка и 24 години помладиот претседател ма Франција.

Тифен навела дека за неа, нејзината постара сестра Лурон и постариот брат Себастијан тоа било трауматично искуство и дека нивните сограѓани во малиот француски град Амиен тоа не го прифатиле добро.

"Прв пат слушнав за Емануел кога имав 9 години. Лурон, која како и Макрон тогаш имаше 15 години, се врати од училиште и рече: "Мамо има едно лудо дете во класот кое знае се и сешто"", рекла Тифен, додавајќи дека нејзината сестра била фасцинирана од Макрон.


Набрзо после тоа, Макрон почнал да доаѓа кај нив дома, но не кај Лурон, туку кај нејзината мајка, тогаш 39-годишна професорка, која му предавала француски јазик и му држела часови по глума. 

"Беа маѓепсани еден од друг и тоа што го гледаа. Не можеа тоа никако да го сокријат", рекла Тифен. Таа додала дека нејзиниот татко кога видел што се случува, веднаш се отселил од дома. Отишол во Лил, каде работел.


"Тато беше во Лил, а јас со мама одев на состаноци со Емануел. Разделбата на родителите тешко ни паѓаше. Меѓутоа, двајцата секогаш се трудеа максимално да не поштедат и да го ублажат трауматичното искуство", вели ќерката на Брижит.

Според нејзините зборови, голем проблем настанал кога родителите на Макрон сфатиле што се случува.

"Кога Емануел со 16 години и изјави љубов на мајка ми, неговите родители бараа од неа да престане да се гледа со него додека не наполни 18 години. Мама, меѓутоа им одговори: "Не можам ништо да ви ветам"", открила Тифен.

##https://twitter.com/fr_souche_jura/status/856977764569812992##

Родителите на Макрон тогаш го пратиле во Париз да заврши училиште, но тој цело време одржувал врска со Брижит. "Нема лесно да се ослободиш од мене. Ќе се вратам по тебе и ќе те оженам", и кажал Емануел тогаш на својата наставничка, омажена жена со три деца. Парот 13 години одржувал врска на далечина. Кога таа во 2006-та година конечно се развела од сопругот, Макрон ја запросил. Брижит тогаш и кажала на своја пријателка дека се плаши дека е премногу стара за него.

"Дојде и и кажа: "Емануел ме запроси. Што да правам? Знаеш колку години имам, знаеш колку има тој. Што ако сака да има деца"", рекла пријателката на Брижит, Паскал Бурдел во споменатиот документарец.

Како што додала, таа ја охрабрила да прифати.

"И реков дека треба да биде среќна и да биде со него ако тоа ја прави среќна", навела Бурдел.

Брижит Макрон не сакала да учествува во документарниот филм, меѓутоа, емитувана била нејзина постара изјава во која навела дека и е жал што децата пателе поради неа.

"Знам дека ги повредив своите деца и тоа е работа за која најмногу се срамам. Меѓутоа, да на направев ваков избор, ќе го пропуштев целиот свој живот", изјавила Брижит.



Спонзорирани линкови

Маркетинг