Зошто Американците никогаш повеќе не се вратиле на Месечината: Причината звучи неверојатно

Точка

15/07/2019

10:03

5.200

Големина на фонт

а а а

Директорот на американската вселенска агенција НАСА, Џим Брајденстајн, објаснил зошто астронаутите на САД никогаш повеќе не чекореле на површината на Месечината, по 1969-та година.

Имено, тој тврди дека за тоа едноставно немало доволно пари. 

"Тоа е поврзано со политичките ризици", објаснил Брајденстајн, по што дошло и до намалување на финансиите.

"Да не беа ти политички ризици, ние досега веќе бевме на Месечината, ќе бевме и на Марс", нагласил директорот на НАСА.

Брајденстајн објаснил дека НАСА во 1990-тите и почетокот на 2000-тите години се обидела да се врати на Месечината и да слета на Црвената планета, но дека двата програми барале долга подготовка и сериозни трошоци.

Тој исто така укажал на тоа дека од истите причини можеби нема да се реализира ни слетувањето на Марс закажано за 2024-та година.

Потсетуваме, неодамна администрацијата на Доналд Трамп наложила да се забрза реализацијата на лунарниот програм, за во наредните пет години да се оствари ново слетување на човекот на Месечината, наместо во 2028-ма година, како што било претходно планирано.

Модернизираниот концепт на овој проект го добил името "Артемида" во чест на грчката божица на Месечината.




Спонзорирани линкови

Маркетинг