Новак Ѓоковиќ по петти пат во својата кариера се израдува на трофејот на Вимблдон, откако успеа да се врати од работ на бездната и да го победи својот голем ривал Рожер Федерер.
Двајцата шампиони понудија тенис за паметење, а во одлучувачкиот петти сет видовме и неверојатни пресврти кои со години ќе се прераскажуваат во тениските кругови. Ѓоковиќ ги доби првиот и третиот сет во тајбрејкот, Федерер се враќање со 6:1 и 6:4, а успеа да се врати во петтиот одлучувачки сет кога имаше негатива од 4:2. Во продолжение, Федерер направи брејк и имаше две меч топки на свој сервис, но Ноле успеа некако да се одбрани, а потоа во специјалниот тајбрејк при 12:12 во гејмови однови имаше повеќе нерви.
Новак на овој начин ја прокнижи петтата титула на Вимблдон, односно стигна од својата 16-та грен слем титула во кариерата, само на четири од денешниот ривал.