Дунга за одлуката на Нејмар: Луѓето не разбираат, бразилските играчи се…

Дерби

14/07/2019

16:21

2.594

Големина на фонт

а а а

Нејмар е еден од играчите за кого многу се зборува во овој летен преоден рок и тоа поради можноста по само две години да си замине од францускиот шампион Пари Сен Жермен.

Најдобриот бразилски играч наводно е незадоволен и сака да го напушти таборот на „светците“, а како негова наредна дестинација се споменува Барселона. Веќе подолго време кружат ваквите информации, шпекулации, но засега никако поместување, најава за договор меѓу каталонците и ПСЖ, клубови кои дефинитивно не се во добри односно, па останува дилемата дали ќе може да се реализира оваа зделка.

Во однос на Нејмар се огласи и поранешниот репрезентативец и селектор на Бразил, Карлос Каетано Бледорн Вери или попознат како Дунга кој му даде еден совет на сонардоникот-да одбере место каде ќе биде среќен и ќе може да го реализира својот потенцијал и квалитет.

-Важно е да избере место каде што е среќен, каде што ќе ужива да игра. Луѓето не разбираат дека бразилските играчи се различни од европските. Сакаме да играме, да се забавуваме, инаку ќе станеме напнати, тажни … Се надевам дека следната сезона може да ни даде многу радост и да го покаже својот полн потенцијал. Тој има многу квалитети, технички квалитети. Прави се што играчот треба да прави и има многи созреано. Сега добива фаули и сака да дава повеќе голови, а не само да дрибла. Мислам дека е во добар момент, -истакна Дунга.



Спонзорирани линкови

Маркетинг