Ајакс и Јувентус конечно се разбраа за Де Лихт, следуваат медицинските прегледи

Дерби

14/07/2019

16:20

1.085

Големина на фонт

а а а

По се изгледа ќе добиеме завршница на уште една трансфер приказна и тоа онаа за супер талентираниот Матијс Де Лихт кој ќе заврши во италијанскиот шампион Јувентус.

Стоперот од поодамна ги имаше договорено личните услови (петгодишен договор, 12 милиони евра по сезона), односно остана на двата клубови да си подадат рака за големата зделка. Според неколку извори, Ајакс и Јувентус веќе се договориме, па така дефаизвенцот веќе вечерва или утре ќе следа во Торино на медицински прегледи и секако промоција.

Тоа го тврдат „Газета Дело Спорт“ и „Тутомеркато“ кои воедно пренесуваат дека трансферот ќе изнесува околу 70 милиони евра. Реномираниот новинар Џанлука Ди Марцио веле пак дека треба уште некои сите детали да се договорот, поточно дека во вторник ќе бидат лекарските прегледи на Холанѓанецот.

Како и да е повеќе од јасно е дека во следниве часови, денови ќе имаме официјализирање на трансферот на Де Лихт.



Спонзорирани линкови

Маркетинг