Мурињо му прави притисок на „пријателот“ Конте: Интер мора да го освои Скудетото

Дерби

14/07/2019

16:19

1.300

Големина на фонт

а а а

Жозе Мурињо имаше супер успешна епизода во Интер, клуб на кој во натпреварувачката 2009/2010 му ја донесе тројната круна, а тој успех и таа радоста навивачите никогаш нема да му ја заборават.

Од следнава кампања пак предводник на „нероаѕурите“ е Антонио Конте, човек кој е легенда на Јувентус и ќе треба дефинитивно многу да се покаже за да ги придобие симатиите на „Џузепе Меаца“, а за да предизвикот биде поголем се погрижи Мурињо со пораката за „Газета Дело Спорт“.

-„Нероаѕурите“ мораат да ја освојат Серија А во следнава сезона. Сигурен сум дека тоа ќе го направат, -истакна Жозе кој со ова дефинитино му направи дополнителен притисок на Конте со кого имаа препирки додека двајцата беа во Премиер лигата.

Во однос на тоа кој може да му биде следниот чекор во кариерата, „специјалниот“ кратко одговори:

-Сега учам германски затоа што тоа е јазикот што ми недостасува. Зборувам англиски, шпански, португалски, француски и италијански. Не исклучувам ниту една опција, ниту Германија, -рекол Португалецот.



Спонзорирани линкови

Маркетинг