Монсунските дождови повторно фатални за Индијците: 35 загинати и повеќе од 1,5 милиони погодени од поплавите

Точка

14/07/2019

12:58

2.008

Големина на фонт

а а а

Најмалку 35 лица загинаа, а повеќе од 1,5 милиони се погодени во поплавите предизвикани од монсунските дождови во северна и источна Индија, соопштија индиските власти.

Како што соопштија од индиската агенција за управување со кризни ситуации, најмалку 19 лица загинале откако врз нив се срушиле нивните куќи или од струен удар за време на обилните врнежи на дожд кои траат од 10-ти јули.

Најпогодена е сојузната држава Утар Прадеш која граничи со Непал каде што е забележан најголем број на загинати од лизгање на земјиштето.


Повеќе од 1,5 милиони луѓе се погодени од големите поплави, некои од нив се веќе раселени, а голем дел се уште не можат да ги напуштат своите домови. Покрај тоа, настрадале голем број на домашни животни, а уништени се и полињата. Околу 20 илјади луѓе биле пренесени во кампови и разни прифатилишта.

Метеоролошките служби на Индија прогнозираат нови врнежи на дожд во тие региони во следните неколку дена, па од сојузното министерство издадоа упатства за службите да обезбедат механизми за спасување и давање на помош со цел полесно да им се помогне на жртвите на поплавите.


Сезоната на монсунски дождови во Индија трае од јуни до септември и секоја година во оваа земја има голем број на загинати како последица на поплавите, лизгањето на земјиштето и слично.



Спонзорирани линкови

Маркетинг