Макрон денес ќе се пофали со европската војска: Трамп не е повикан на парадата по повод Денот на падот на Бастилја

Точка

14/07/2019

12:15

4.065

Големина на фонт

а а а

Макрон денес ќе се пофали со европската војска: Трамп не е повикан на парадата по повод Денот на падот на Бастилја

Емануел Макрон одлучи денес, практично да биде демонстрирана практично армија на ЕУ за време на одржувањето на парадата во знак на сеќавање на 14-ти јули 1789-та година, кога тврдината-затвор беше заземена за време на Француската револуција.

Гости на Макрон на парадата на Елисејските полиња, меѓу другите ќе биде германската канцеларка Ангела Меркел, британската премиерка Тереза Меј, но не и американскиот претседател Доналд Трамп кој присуствуваше на парадата во 2017-та година. Секако, еден од гостите на Макрон ќе биде и првиот човек на НАТО Алијансата, Јенс Столтенберг.

Како што пренесува thelocal.fr, оваа демонстрација на воената соработка на земјите членки на Европската унија се случува во време кога се нарушуваат односите помеѓу Брисел и Вашингтон „поради политиките на Трамп“.

Денот на падот на Бастилја ќе биде одбележан ширум Франција со одржување на паради, прослави и огномет, а во Париз пожарникарските единици традиционално ќе ги отворат вратите на своите станици и ќе организираат забави за граѓаните. Исто така, ќе биде одржан и концерт кај Ајфеловата кула.

Сепак, во центарот на вниманието ќе бидат Елисејските полиња каде што ќе продефилираат воените сили на 9 сојузници на Франција, меѓу кои Велика Британија, Германија и Шпанија. На парадата во центарот на Париз ќе учествуваат околу 4,300 припадници на вооружените сили, 196 воени возила, 237 коњи, 69 авиони и 39 хеликоптери.

На парадата ќе учествуваат припадници на француско-германската бригада “BFA” која брои 5 илјади припадници, а е основана во 1989-та година како симбол на поствоеното сојузништво помеѓу Франција и Германија, а сега прославува 30 години постоење.

Француските медиуми потсетуваат дека Макрон ја застапува идејата за формирање на европска армија и токму тоа ќе биде во центарот на вниманието на денешната парада. Станува збор за таканаречената Европска иницијатива за интервенција која би ги превзела мисиите надвор од надлежноста на постоечките структури како што е НАТО Алијансата.



Спонзорирани линкови

Маркетинг