Неколку илјади луѓе маршираа во центарот на Чикаго протестирајќи против имиграционата политика на претседателот Доналд Трамп, а слични протести се викендов и во други градови во САД
Демонстрантите извикуваа пароли во коишто го критикуваа Доналд Трамп и Агенцијата за имиграција (ICE), а многу од нив носеа плакати со натписи ,,Не за деца во кафези” и ,,Укинете ја ICE”.
Портпаролот на полицијата во Чикаго, Антони Гуглиeми рече дека протестите биле мирни, немало уапсени.Проценките се дека имало околу 5.000 демонстранти.
Слични протести се одржаа и во другите градови, вклучувајќи го и Феникс, каде десетици демонстранти го блокираа центарот во петокот вечерта. Полицијата во Феникс уапси 16 демонстранти.