Икарди извиси за турнејата, па испратил закана до Интер

Дерби

14/07/2019

11:46

739

Големина на фонт

а а а

Интер потврди дека нема да смета на Мауро Икарди на натпреварите од Интернационалниот куп на шампиони, а тренерот Антонио Конте го ослободи од обврските во тренинг кампот во Лугано, што отвори ново поглавје од очигледното нетрпение меѓу двете страни.

Иако клубот во своето соопштение потенцираше дека одлуката е донесена заеднички, дел од медиумите тврдат дека Икарди бил бесен на ваквиот потег и испратил закана до челниците на клубот кои сакаат да се ослободат од него по секоја цена.

Икарди им посочил дека поради ваквиот однос тој ќе остане во Интер и наредните две години до истекување на договорот и на тој начин ќе си ја добива платата без да има посебни обврски кон тимот. Тоа сигурно не е добра опција и за Интер затоа што тоа би значело големи трошоци, а веројатно и останување без буџет за ангажирање друг напаѓач каков што е Ромелу Лукаку.



Спонзорирани линкови

Маркетинг