Џулија Робертс и Ема Стоун го негуваат лицето со намирница која сите ја имаме во кујна

Точка

13/07/2019

18:28

3.986

Големина на фонт

а а а

Кога ќе помислите на бјути рутините на славните дами како Ема Стоун и Џулија Робертс, сигурно на памет ви паѓа тим на козметичари кој чини многу пари.

Но, изгледа дека работите се многу поедноставни.

Имено, овие дами се колнат во маслиновото масло како состојка која е клучна за нега на кожата на лицето, но и телото.

Ема Стоун во интервју за Гламур изјавила дека е алергична на сите сложени производи и дека нејзината кожа најдобро реагира на производи кои содржат само една или две состојки. Додала дека го обожува маслиновото масло, кое нејзината сува кожа на лицето ја враќа во живот од ден на ден и дека не знае дали би можела да ја замисли рутината за нега на кожата без него.

Џулија Робертс за Вог открила дека маслиновото масло исто така го користи за нега на кожата на лицето и телото секојдневно, но дека го меша со неколку капки топла вода за се впие што побрзо во кожата и за да не остава масни траги.

View this post on Instagram

happy hump day🤪

A post shared by Kylie (@kyliejenner) on

На тимот љубителки на маслиновото масло за бјути цели, се придружила и Кајли Џенер, која го користи во ноќната рутина за нега на лицето, а признала и дека после туширање го нанесува на целото тело. Освен маслиновото, Кајли во разговор со сестра ѝ Клои, во една од емисиите на ријалити шоуто „Keeping Up With Kardashians“, открила дека обожува и ароганово и кокосово масло за истите цели.

Покрај овие славни дами, манекенката Миранда Кер за Гламур открила дека повеќето производи од нејзиниот бјути бренд „Kora Organics“, се темелат токму на маслиново масло.




Спонзорирани линкови

Маркетинг