Ирина Шајк за првпат ја отворила душата по разделбата со Бредли Купер: “Сè уште верувам во љубов”

Точка

13/07/2019

14:31

12.867

Големина на фонт

а а а

Руската манекенка Ирина Шајк и американскиот актер Бредли Купер ставија точка на 4-годишната врска, а по месеци “шушкања” за нивната разделба, славната убавица го дала првото интервју за магазинот “Bazaar”.

Ирина се нашла и на насловната страница на ова престижно списание, а не одбила да одговара ниту на прашањата за моменталниот љубовен статус. 

“Ако ме прашате дали и понатаму верувам во брак, мојот одговор е “да”. Не сум тип на личност која е против таа институција”, изјавила Ирина која има разбирање за тоа зошто светот толку сака да знае за нејзиниот приватен живот.

“Мислам дека сето тоа е нормално. Ако нешто немате, сакате да го имате тоа. Ве привлекува таа некоја завеса, не знаете што се наоѓа зад неа и сакате да ја тргнете”, објаснила манекенката која вели дека сака да биде што подобра мајка на својата ќеркичка, која сега проаѓа низ тешок период.


Со оглед на тоа што многумина сметаат дека Ирина како мајка треба што помалку да се појавува во јавноста и да носи помалку провокативна гардероба (особено ѝ замеруваат што носи мини здолништа), Шајк за нив имала посебна порака:

“Дајте ми само една причина зошто една мајка не би требало да носи мини здолништа. Зошто жената повеќе не смее да биде своја кога ќе стане мајка? Јас не верувам во таквата филозофија. Ако навистина се сакате себеси, мислам дека можете да постигнете сè што сакате”, заклучила таа.




Спонзорирани линкови

Маркетинг