Шведска не става потпис на конвенцијата за нуклеарно оружје: Велат дека нема јасни дефиниции што е тоа, а имаат и многу прашања

Точка

12/07/2019

19:10

1.956

Големина на фонт

а а а

Шведска денес соопштила дека нема да ја потпише конвенцијата на ОН за нуклеарно оружје бидејќи тој документ во "својот моментален облик не е подготвен".

Министерката за надворешни работи, Маргот Валстром, рекла дека документот "нема јасна дефиниција за нуклеарното оружје и дека постојат бројни прашања на кои треба да се одговори". 

Валстром рекла и дека во парламентот нема мнозинство кое би одобрило потпишување на конвенцијата.

Во Шведска на власт е малцинската коалиција од левиот центар. Владата на Шведска и самата е поделена околу тоа прашање, бидејќи некои сметаат дека потпишувањето на конвенцијата би ја ослабело соработката на земјата со НАТО, чиј член не е Шведска.

НАТО ја поддржува идејата за свет без нуклеарно оружје но не верува дека тоа може да се постигне со забрана преку конвенции на ОН.




Спонзорирани линкови

Маркетинг