Барселона го „копира“ Реал Мадрид: Ангажираше млад јапонски репрезентативец

Дерби

12/07/2019

16:51

339

Големина на фонт

а а а

Веќе е извесен трансферот на младиот јапонски фудбалер и член на најдобрата селекција на Јапонија, Хироки Абе во редовите на Барселона.

20 годишниот офанзивец кој игра по крилните позиции беше член на репрезентацијата на Јапонија на неодамна завршената Копа Америка, а во својата кариера настапуваше за тимот на Кашима.

Младиот фудбалер потпиша долгогодишен договор со Барселона, и се верува дека најпрво ќе игра во Барселона Б од каде доколку задоволи ќе добие прекоманда во првиот тим на „каталонците“.

– За две и пол години во Кашима значајно напредував. Едвај го чекам новиот предизвик во Барселона иако ми беше многу тешко да го напуштам клубот. Се надевам ќе ги надминам бројните пречки кои сигурно ќе ми се испречат на патот, - истакна младиот Абе.

Абе е вториот Јапонец кој во овој преоден рок пристигнува во Шпанија откако претходно со Реал Мадрид договор потпиша Такефуша Кубо.



Спонзорирани линкови

Маркетинг