Официјално: Барселона од трета го обезбеди потписот на Гризман, Французинот ќе има луда откупна клаузула

Дерби

12/07/2019

19:20

2.374

Големина на фонт

а а а

Францускиот репрезентативец, Антоан Гризман и официјално е нов член на шпанскиот шампион Барселона. Оваа информација ја потврдија од каталонскиот гигант со што конечно се стави крај на една трансфер сага која траеше подолг временски период.

Како и што се очекуваше беше активирана откупната клаузула на Гризман која ја имаше во договорот со Атлетико Мадрид од вредност од 120 милиони евра. Од таборот на Барселона информираа дека Французинот ќе потпише договор до 30 јуни 2024 година и ако некој во иднина ќе сака да го купи напаѓачот ќе мора да издвои 800 милиони евра (толку ќе биде откупната клаузула).

Со ова се завршува една цела приказна меѓу Барселона и Гризман, приказна која трае многу одамна со оглед на тоа што дури од трета мајка, по трет обид Антоан доаѓа во великанот.

Имено Барса имаше еден неуспешен обид да го донесе Гризман додека овој беше дел од Реал Сосиедад, потоа доби „НЕ“ од Французунот минатата година за да сега конечно се поклопат сите коцки и се реализира оваа трансфер бомба.



Спонзорирани линкови

Маркетинг